Во Python го повикуваме алгоритмот внатре во функцијата со повикување на
функцијата. За да повикаме функција, го пишуваме името на функцијата
проследено веднаш со пар загради. Аргументите на функцијата (влезови!) се
дадени како листа одвоена со запирки во заградите.
Функцијата за печатење е малку посебна со тоа што може да прифати било кој
број на аргументи. Повеќето функции се дефинирани да имаат фиксен број на
аргументи и бараат специфичен тип на влезови.
Функцијата len во Python е таков пример. Прифаќа точно еден аргумент.
Функцијата len може да се користи за да се открие колку знаци има низа.
Функциските повици можат да бидат користени како:
1. Операнди
2. Како вредност која се добила од одредена функција и е сместена
во променлива, па се користи како операнд во друга функција
3. Како аргумент во друга функција