Околина

PyCharm е интегрирана околина за развој (IDE) за програмскиот јазик Python. Обезбедува анализа на кодови, графички дебагер, интегриран тестер на единици, интеграција со системи за контрола на верзии и поддржува веб-развој со Django. PyCharm е развиен од чешката компанија JetBrains. Креиран е да работи на повеќе платформи Microsoft Windows, macOS и Linux. PyCharm има професионален едитор за кој е потребна лиценца, и Community Editor (кој ќе го користиме ние) за кој не е потребна лиценца издаден од Appache Licence. Се што треба да направите е да ја симнете Community верзијата https://www.jetbrains.com/pycharm/download/#section=windows и да ја инсталирате на вашиот компјутер. Следете ги инструкциите при инсталацијата и обрнете внимание на соодветните опции за инсталација. Pycharm ќе ви понуди дали сакате да инсталирате Python на кое ќе треба да одговорите со yes, за околината да може да функционира. Иако инсталацијата е лесна и едноставна и се состои од неколку чекори, доколку наидете на проблем погледнете го нашиот видео туторијал кој во неколку минути детално ќе ви објасни како да ја инсталирате околината.