Вариабла или променлива е име, дадено на одредена нумеричка вредност.
Имињата на променливите (исто така наречени идентификатори) во Python
треба да ги следат следниве правила:
▪ може да содржи букви или цифри, но не може да започне со цифра;
▪ може да содржи долна црта (_) и може да започне со долна црта;
▪ не смее да содржи празни места или други специјални знаци.
Integer претрставува целобројна вредност. Float претставува децимална
вредност, а String е низа од знаци.
Доделување на променлива
Знакот за еднаквост (=) во Python се користи за доделување име на променлива
вредност. За разлика од многу други програмски јазици, променливите во
Python не мора да се декларираат пред да се користат. Вие само ги користите.